Поддржување на процесот на преселба на лицата со интелектуална попреченост од институцијата во Демир Капија во станбени единици за поддржано живеење

Услуги:

Партнери

КМОП

Центар за социјална акција и иновација (Грција)

Здружение за поддршка и развој Хуманост

(С. Македонија)

Општина Демир Капија

(С. Македонија)

partners-01

КМОП – Центар за социјална акција и иновација е непрофитна организација од Грција со повеќе од четириесетгодишно искуство во поддршка на ранливи групи. Паралелно со директно обезбедување социјални услуги, нивната експертиза се применува во планирање и спроведување на влијателни и иновативни социјални иницијативи од областа на образованието, човековите права, вработувањето, нега и добросостојба и научни истражувања и развој на знаењето во прашањатa од социјалната политика, со цел градење отпорни заедници со еднакви можности за сите.

КМОП има водечка позиција во напорите за спроведување на услуги за ментална нега и здравје во заедницате во Грција. Управува со три групни домови за нега на лица со ментални болести, како и дневен центар за лица со поблаги ментални нарушувања, при што обезбедува стручни, интегрирани и нестигматизирачки услуги за ментално здравје. Сите четири објекти се основани во 2004 година – како дел од реформата за деинституционализација која се спроведе во Грција – и оттогаш работат непрекинато. Холистичките услуги на КМОП имаат за цел оспособување на лицата со проблеми во менталното здравје и нивните негуватели, промовирање на нивните права и борба со дискриминацијата и стигматизацијата.

Здружението за поддршка и развој Хуманост е пионер во развивањето вонинституционална социјална заштита во Северна Македонија, кое нуди услуги за помош и нега во домот за стари лица, лица со попреченост, лица со деменција – Алцхајмерова болест и интелектуална попреченост. Од 2008 година се здобива со искуство во областа на дневните центри за нега и услуги за домашна нега за стари лица, лица со попреченост (физичка и интелектуална) и нуди психо-социјална и медицинска поддршка за лицата во социјален ризик. Здружението за поддршка и развој Хуманост има тим од лекари, медицински сестри, психолози, психотерапевти и сертифицирани  негуватели/ки и лични асистенти и во моментов управува со услуги за домашна нега со 90 корисници во Скопје. Ваквата добра практика ќе се спроведува и оваа година во други општини (Струмица, Ресен и Демир Капија). Здружението е лиценцирано од страна на Министерство за труд и социјална политика на Македонија (МТСП) за обезбедување социјални услуги во доменот на социјална заштита (помош и нега во домот како и лична асистенција) и сите социјални  услуги се реализираат во тесна соработка со локалните самоуправи и Министерството за труд и социјална политика на Македонија (МТСП).

partners-03

Општината Демир Капија (ОДК), како локална власт, има одговорност во спроведување на процесот на деинституционализација и соработува со Специјалниот завод во Демир Капија, МТСП и Заводот за социјални дејности за спроведување на Стратегијата за деинституционализација. Во текот на изминативе две години се здоби со искуство од областа на поддршка, и адаптација на општински простори за отварање на станбени единици и  мали групни домови во Демир Капија, Неготино и околните села во Општината Демир Капија (Тимјаник и Корешница) за корисниците на Специјалниот завод.

ОДК игра клучна улога во процесот на деинституционализација на  институцијата во Демир Капија и е одговорна за планирање, управување и мониторинг/оценување на децентрализираните социјални услуги. ОДК ќе го поддржи истражувањето и развојот на моделот за поддржано живеење во заедница и активно ќе учествува во олеснувањето на соработката и комуникацијата со целните групи и релевантните засегнати страни.