За проектот

Овој проект има за цел да им помогне на лицата со интелектуална попреченост при преселбата од институцијата во Демир Капија во станбени едници за поддржано живеење во заедница, како и развивање нови социјални услуги  со цел зајакнување на вклученоста на лицата со интелектуална пропреченост во заедницата.

Поконкретно, проектот има за цел:

Преселба на 10 лица со интелектуална попреченост

Преселба на 10 лица со интелектуална попреченост кои живеат во институцијата во Демир Капија во две станбени единици за поддржано живеење во заедница.

Развивање нови социјални услуги за поддржано живеење во заедница

Развивање нови социјални услуги за поддржано живеење во заедница, како и проширување и подобрување на веќе постоечките локални социјални услуги во Демир Капија како: станбени единици за поддржано живеење во заедница, групни домови, координирана нега и услуги за помош и нега во домот, лична асистенција и рехабилитација

Развивање и спроведување на нови начини на давање социјални услуги засновани

Развивање и спроведување на нови начини на давање социјални услуги засновани на правата на корисниците, индивидуализиран пристап кон секое лице, вклученост на корисниците и нивно оспособување, како и пристапи на соработка, учество и проактивност

Подобрување на капацитетите
и вештините

Подобрување на капацитетите и вештините на стручните лица при обезбедување на индивидуализираните социјални услуги за лицата со интелектуална попреченост

Зголемување на свеста кај
локалната заедница и засегнатите

Зголемување на свеста кај локалната заедница и засегнатите страни за проблемот на големите институциите за сместување и предностите на процесот на деинституционализацијата, за правата на лицата со попреченост во борбата против стигматизацијата и придобивките од взаемната вклученост како на корисниците, така и на заедницата