Подобрување на вештините на лицата со попреченост преку нивно вклучување во различни активности

Стручниот тим во малите групни домови постојано работи во насока на поддршка на социјалниот развој на корисницитe со цел да ги подобрат своите вештини и моториката преку вклученост во различни музички активности.

Овој пат корисниците од ОАСИС I Софи Бумо и ОАСИС II спроведоа музичка работилница во која сите уживаа!

По повод Први април – Денот на шегата, корисниците од ОАСИС I Софи Бумо и ОАСИС II Сонце во Демир Капија се маскираа заедно со стручниот тим.

Креативните маски изработени од корисниците и стручниот тим дополнително ја развеселија и разиграа атмосферата.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *