Обука на професионалци од јавниот сервис кои работат со лица со попреченост

Подготвеноста и обученоста на професионалните лица од јавните сервиси да ја извршуваат својата работа на начин кој не би бил доскриминирачки за лицата со попреченост за да овозможи пристап до јавните услуги на овие лица и ќе осигура нивна целосна вклученост во општеството е многу важен дел во процесот на деинституционализација.

Повеќе професионалци од клучни институции во Демир Капија: oпштината, училиштата, градинките, медицински лица, центарот за култура и другите социјални сервиси во градот, ги зајакнаа своите капацитети за поголема взаемна соработка и вмрежување за вклучување на лицата со попреченост во креирањето и испораката на социјални услуги во заедницата.


Учесници споделија дека за нив ова е прва обука од ваков вид, преку која се стекнаа со нови идеи на каков начин и какви заеднички активности можат да организираат со различни чинители од заедницата со цел да се вклучат лицата со попреченост во секојдневниот живот.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *