Tркалезна маса на тема „Ефективни и иновативни социјални услуги засновани во заедницата“

На 5ти Октомври во склоп на проектот ОАСИС „Поддржано живеење во заедницата во Демир Капија“ во општината Демир Капија партнерските организации здружението Humanost заедно со KMOP организираа тркалезна маса на тема „Ефективни и иновативни социјални услуги засновани во заедницата“.

На тркалезната маса се обратија градоначалникот на Општина Демир Капија Лазар Петров, извршниот директор на здружението Humanost Сашко Јованов, проектните менаџери на KMOP Давид Рама и Кристина Василеска.

На настанот се отвори дискусија за моменталната состојба на давателите на социјални услуги, и соработката со надлежните институции. За таа цел учесниците на тркалезната маса ќе потпишат Меморандум за соработка кој ќе овозможи клучните чинители да ја подобрат нивната соработка во развојот и обезбедувањето на услуги за поддржано живеење во заедницата- базирани социјални услуги за лица со интелектуална попреченост во Општина Демир Капија.

На настанот присуствуваа претставници на социјалните центри од Вардарскиот регион, даватели на социјални услуги како и граѓански организации кои се фокусирани на давање услуги на лицата со попреченост.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *