Сите сме исти! – отворен настан кој ја обедини локалната заедница во Демир Капија!
Настанот сe одржа на Октомври во центарот на општина Демир Капија како отворен настан за информирање и подигнување на свеста на заедницата со цел да се подобри прифаќањето и вклучувањето на лицата со попреченост во локалната заедница.
Жителите на Демир Капија заедно со дечињата и учениците од основното училиште Димката Ангелов Габерот и градинката Борис Трајковски и КУД Мирка Гинова, организираа различни перформанси и се дружеа со лицата со попреченост кои се корисници во двата малите групни домови ОАСИС Сонце и ОАСИС Софи Бумо.

На отворениот настан најмладите приредија музички настапи, основците одржаа ликовна колонија и ораторски говор, младите спроведоа активности за спријателување со старите лица од услугата помош и нега во домот @ХуманаС, а се одржа и базар на рачно изработени производи изработени од вредните раце на нашите корисници и корисниците на сервисот ХуманаС. Средствата собрани од продажбата на производите на настанот беа донирани во двете станбени единици за лица со попреченост во Демир Капија и возрасните лица од сервисот ХуманаС.
Наши специјални гости со продажба на домашни производи беа и Здружението за лица со церебрална парализа од Велес.
️Преку ваквите акции се промовираат влијанието, придобивките и достигнувањата од социјалните услуги засновани во заедницата.

