„Пат до инклузија: Патувањето на Демир Капија во процесот на деинституционализација и грижа заснована на заедницата“

На 30.10.2023 година во хотел Кралица Марија, Демир Капија се одржа завршна конференција од проектот ОАСИС-Поддржано живеење во заедницата во Демир Капија насловена „Патот до инклузија: Патувањето на Демир Капија во процесот на деинституционализацијата и грижата заоснована во заедницата“

ДНЕВЕН РЕД

Во воведната сесија свои обраќања имаа:

  • д-р Антонија Торенс – Генерална директорка на Центарот за социјална акција и иновации (КМОП) од Грција
  • г-дин Сашко Јованов –Проектен менаџер и извршен директор на Здружение за подршка и развој Хуманост
  • г-дин Нафи Сарачини- Менаџер од Делегација на Европската Унија во Северна Македонија
  • Душан Томшиќ од Министерството за труд и социјална политика

Излагањата на говорниците беа во насока на значењето на процесот на деинституционалзиација за лицата со интелектуална попреченост од големите институции во мали станбени иединици за поддржано живеење

Во во втората сесија се обратија:

  • г-дин Лазар Петров –Градоначалник на општина Демир Капија
  • г-ѓа Елизабет Андова- Директорка на Специјалниот завод Демир Капија

Излагањето на говорниците беше насочено кон преглед на напредокот на

деинституционализацијата во Демир Капија: локални иницијативи и ангажман во заедницата

Во третата сесија се обратија:

  • г-ѓа Дунава Димовски -Координаторка на станбената единица „СОФИ БУМО“
  • Г-ѓа Маринела Аџиканова –Координаторка на станбената единица „СОНЦЕ“

Излагањето на говорниците беше насочено кон преглед на воспоставување и функционирање на станбените единици за поддржано живеење во Демир Капија: резултати и научени лекции

Во последната сесија се обратија

  • Г-дин Давид Рама –Проектен менаџер од Центар за социјална акција и иновации – КМОП Грција
  • Г-ѓа Кристина Василеска – Проектна кориднаторка од Центар за социјална акција и иновации – КМОП С. Македонија

Нивните излагања беа во насока на претставување на проектните резултати и цели во текот на имплементација на проектот како и понатамошна одржливост на социјалната услуга живеење со поддршка.

 

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *