Вториот состанок на Управниот комитет на проектот се одржа онлајн, на 5 март 2021 година. На овој состанок како набљудувачи присуствуваа претставници од проектот за техничка помош како и од другите два проекта вклучени во процесот на деинституционализација во Демир Капија.
На овој состанок, тимот на OAСИС ги презентираше досегашните резултати од проектот, како што се финализирањето на истражувачката компонента и доставувањето на Извештајот за истражување и Водичот за модел на услуги базирани на заедницата. Исто така, проектниот тим ги презентираше следните чекори за следните 6 месеци, предизвиците и мерките за ублажување.
По презентациите следеше жива дискусија од сите учесници.
