Партнерите на проектот насловен „Поддршка за преселување на лицата со интелектуална попреченост од резиденцијалната институција Демир Капија во живеалишта поддржани во заедницата“ КМОП, Хуманост и општина Демир Капија, успешно го организираа првиот состанок на Управниот одбор на проектот кој беше одржана на 10 март 2020 година, во Скопје, во просториите на Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија.
На овој состанок, проектниот тим пред заинтересираните чинители ги презентираше пакетите за работа на проектот, неговите предвидени резултати и аутпути и разговараше за нацрт планот за работа на проектот. Поканети учесници на средбата беа претставници од значајни институции како што се Министерството за труд и социјална политика на Северна Македонија и директорот на Специјалниот завод од Демир Капија.
КМОП, како координатор на проектот, даде краток вовед за улогата и работата на Управниот одбор и посочи дека од клучно значење е сите релевантни чинители да бидат членови на Комитетот со цел заеднички да се координираат, дискутираат и планираат активностите во текот на имплементација, за да се постигнат најдобри резултати и влијание.
Следеше презентација за искуството на КМОП во управувањето и операционализацијата на Групните домови за лица со интелектуална попреченост во Грција и европските и меѓународните стандарди за преселување.
Следеше отворена дискусија меѓу сите учесници за различни прашања и модалитети за спроведување.